„Доста плачете, да не беше фудбалот сите ќе работевте во Мекдоналдс!“

1121

Поранешниот сопственик на Кристал Палас, Сајмон Џордан, отвроено ги нападна играчите и тренерите во Премиер лигата кои се жалат на календарот и бројот на натпревари во една сезона.

„Клоп, како и неговиот помошник, чии изјави ги слушнавме претходниот ден, изгледаат неверојатно упорни за тоа како треба да се организира фудбалот во оваа земја. Сите играат под еднакви услови. Сите разбираат што се случува, знаат дека во одреден период од годината играат за публиката. Сето ова е за доброто на публиката. За радиодифузерите, за навивачите кои сакаат натпреварите да се играат така. Дали заборавиле како завршија на тоа место на кое се сега? Сето тоа е благодарение на побарувачката, ако фудбалот не е баран ни тие ни нивните колеги не би добивале десетици милиони фунти годишно“, вели Џордан во изјава за англиските медиуми.

Екс-газдата на лондонскиот клуб отиде и подалеку во своите пресметки со фудбалерите кои се жалат на натпреварите за време на новогодишните и божиќните празници во Англија.

„Не сакам да ме доживуваат како автократ, но веќе е доста! Играјте е**н фудбал, прифатете дека сте фудбалери. Премногу ви се дозволува. Треба да се штипнете и да сфатите колку сте среќни во животот. Ако не беше фудбалот, половина од вас ќе работеа во Мекдоналдс“, вели Џордан.

ПретходноЛа Лига има нов Ковид-протокол: PCR тест секој ден!
СледноДимитријевиќ со 10 поени во победата на Валенсија