Златко Хорват од Металург во Дабаш

366

Златко Хорват во продолжение од сезоната ќе го носи дресот на Дабаш. Унгарскиот тим и официјално го претстави хрватскиот ракометар, кој доаѓа од редовите на Металург. Хорват и тимот од Автокоманда пред неколку дена се разделија пријателски.

„Во зимскиот трансфер период во Унгарија тешко е да се најде квалитетно решение за десната крилна позиција, ние го најдовме со ракометар во странство.

Задоволство ни е да објавиме дека во Дабаш доаѓа светска ѕвезда, која со својата неверојатна рутина може да донесе многу за нашиот тим и да им помогне на помладите ракометари“, рекоа од Дабаш.

ПретходноРоден за победи: Миленкоски за две недели освои прв трофеј со Финикас
СледноКолапс на уште еден клуб од Сицилија: Катанија прогласи банкрот!