Колапс на уште еден клуб од Сицилија: Катанија прогласи банкрот!

326

По Палермо уште еден сицилијански клуб прогласи банкрот. Пред две години Палермо, а сега и Катанија. Двата сицилијански клуба се принудени да прогласат банкрот поради лошата финансиска ситуација во италијанскиот фудбал која владее неколку години наназад.

Стариот субјект Палермо престана да постои, па тој клуб го смени името, грбот, доби нов регистарски број и тргна од ново (Серија Д).

Судот денеска донесе одлука за ликвидација на Катанија, клубот кој помина 17 години во Серија А, 34 во Серија Б, а до крајот на сезоната клубот ќе го водат тројца стечајни управници. Е сега доколку во тој период се најде купец, постои можност Катанија да го задржи името и грбот. Инаку Катанија која во 2014 година испадна од Серија А имаше долг од нешто повеќе од 4 милиони евра, во меѓувреме тој растеше па со пандемијата на коронавирусот тој порасна на 15 милиони евра. Со тоа само се забрза процесот на ликвидација.

Инаку за Катанија играа Папу Гомез, Никола Легротаље, Џозепе Маскара, Макси Гомез…

ПретходноЗлатко Хорват од Металург во Дабаш
СледноНекогашна НБА ѕвезда за првпат заигра по сезоната 2017/18, Јокиќ испиша историја (ВИДЕО)