Ла Лига има нов Ковид-протокол: PCR тест секој ден!

166

Шестиот бран на инфекции со Ковид-19 во Шпанија полека го напаѓа и фудбалот. Поради оваа причина Комисијата за натпреварување во Ла Лига усвои нов протокол во обид да го спречи ширење на инфекциите, бидејќи голем број играчи се заразени.

Една од првите поставени мерки е секојдневно тестирање за секој член на клубовите. Резултатите треба да се пријават статистички. Во деновите на натпреварот, тимовите домаќини се обврзани да направат PCR тест во текот на денот или пред почетокот на мечот. Гостинскиот тим ќе треба да биде тестиран пред патувањето.

Дополнително, треба да се направи PCR тест најмалку во првите 15 дена од јануари 2022 година, како и серолошка проверка. Ла Лига ќе управува и ќе ги плати трошоците за овие тестови.

ПретходноХалилхоџиќ не трпи „замислени“ ѕвезди: Мароко без Зијех и Мазрауи на КАН 2022
Следно„Доста плачете, да не беше фудбалот сите ќе работевте во Мекдоналдс!“