Лидс и Борусија зимава ќе тргнат по Елмас

509

Реномираниот турски новинар Тарха Арслан денеска објави ексклузивна иформација дека Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, секако во моментов член на тимот на Наполи ќе биде мета на Премиерлигашот Лидс, но и на Бундеслигашот Борусија Дортмунд.

Според Арслан, Лидс за прв пат ќе се обиде да стигне до Елмас, затоа што во моментов овој клуб не е задоволен од она што го игра, а исто така и од резултатите, па нападот ќе мора да биде освежен. Англичаните пак дополнуваат дека клубот веќе има одлично искуство со Езџијан Алиоски кој мина одлични сезони во овој Лидс, па нема да има премногу дилеми да се реши за уште еден наш интернационалец. Пари на Англиските премиерлигаши се знае дека не им недостасуваат и дека во принцип го купуваат секој оној кого ќе го замислат за потенцијално засилување.

Од друга страна пак Арслан тврди дека Борусија Дортмунд веќе еднаш се обидела да го ангажира Елмас, но дека се останало на некакви првични преговори. Сега, Елмас е реално многу напреднат во својата форма, веќе дефинитивно е еден од лидерите на Наполи и нормално е да биде ценет, баран и пред уште еден голем трансфер во кариерата.

ПретходноРангник: Премиерлигашите да не играат во Лига купот
СледноПелистер на „мускули“ против ТФТ