По неочекуваниот пораз во минатото коло од екипата на Феникс, но извонредните настапи во АБА 2 лигата, актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродорм вечерва продолжи со победи на домашната сцена. Во мечот од 11. коло против екипата на ФМП Академија, аеродромци славеа со 96:70 и ја обезбедија деветтата победа сезонава.
Доминацијата на мечот „штрковите“ ја потврдија уште во првото полувреме, кога убедливо ги добија двете четвртини и на крајот заминаа на пауза со предност од 52:37.
Ништо поразлично не беше и во вториот дел. Во третата четвртина аеродромци предбодени од Дамјан Стојановски и Бојан Крстевски умешно ја одржуваа, а на крајот и ја зголемија разликата на плус 22 (78:66).
И во завршната четвртина МЗТ Скопје беше подобар. На крајот стигна до убедлива предност прославувајќи нова победа. Петмина од составот на Радуловиќ успеаја да запишат двоцифрен број на поени. Д. Стојановски имаше 17, Дејвис 16, Мекиќ и Крстевски по 15, додека Рикиќ постигна 11 поени. Ајви со 22 поени беше најдобар кај гостите.
фото: АБА 2 лига