Ситуацијата на Франческо Ачерби, играчот на Лацио во моментов воопшто не е добра. Од играчка плачка се вели кај нас. Тој на критиките дека не го дава максимумот за клубот, од страна на јавноста но и навивачите, и дека не игра она што во моментов треба одговори на најглупавиот можен начин. Постигна гол проти Венеција и им покажа на навивачите со гестокулација да замолчат…
По ова, Ултрас Лацио, најжестоката од сите кои се подржувачи на клубот од Рим јавно му порача не само да си замине од клубот, туку и да замине од градот Рим.
Како целава ситуација ќе заврши и дали Ачерби ќе се извини односно ќе побара прошка од навичите ќе видиме, но едно е сигурно, кој влегол во дуел со навивачи, не излегол како победник.