Некогашна НБА ѕвезда за првпат заигра по сезоната 2017/18, Јокиќ испиша историја (ВИДЕО)

377

Бостон Селтикс пред 20 години, како 10. пик на НБА драфтот го зема Џо Џонсон, беше првиот тим кој му даде шанса во најсилното светско клупско натпреварување.

На пола сезона тие се откажаа од него, а сега одново го викнаа, во очајнички обид да скрпат состав во време кога голем број на кошаркари се надвор од составот поради коронавирус. Џонсон после три години пауза се врати во дресот на Бостон и учествуваше во победата против Кливленд од 111-101.

Во игра влезе кога веќе мечот беше решен, ги одигра последните две минути. Џонсон беше поздравен со овации, тој го урна НБА рекордот како играч кој во својата кариера имал најголема пауза од првиот до последниот настап.

За потсетување, НБА лигата поради голем број на заразени играчи им дозволи на клубовите да ангажира нови кошаркари. Па бројни клубови потпишаа засилувања од развојните лиги, дел се вратија како ветерани, меѓу нив и Џонсон, кој потпиша десетдневен договор.

Бостон до победата го предводеше Браун со 34 поени и 6 скока, Вилијамс имаше 21 поен, 11 скока и 7 асистенции.

Кошаркарите на Оклахома го запишаа и третиот триумф во низа, овој пат го совладаа Денвер со 108-94. Еден од најслабите тимови во НБА-лигата влезе во ритам и направи исчекор на табелата, сега има скор од 11 победи и 19 порази.

Нагетси ја немаа потребната помош од Никола Јокиќ, кој го одигра еден од најслабите натпревари оваа сезона. Постигна 13 поени, 7 скока и три асистенции. И покрај ваквата партија Јокиќ успеа да влезе во историјата на Денвер, како шести играч кој стигнал до бројката од 9.000 поени.

Александер со 27 поени, 12 асистенции и 11 скока беше прв стрелец кај Оклахома, ова беше негов втор трипл-дабл во кариерата. Тој е првиот кошаркар на Тандер кој постигна трипл-дабл учинок на домашен терен од Расел Вестбрук во сезоната 2018/2019.

Атланта – Орландо 98: 104

Бостон – Кливленд 111:101

Милвоки – Хјустон 126: 106

Оклахома – Денвер 108:94

Сакраменто – ЛА Клиперс 89: 105

ПретходноКолапс на уште еден клуб од Сицилија: Катанија прогласи банкрот!
СледноГерманците бараат ЕП 2022 да се игра само во Унгарија, Словачка е ризична