Никола Ѓорѓиев го освои првиот трофеј во дресот на АХЦ Волеј

137

Македонскиот одбојкарски репрезентативец Никола Ѓорѓиев го освои првиот трофеј со својата нова екипа оваа сезона, АХЦ Волеј од Љубљана. Во големото финале на словенечкиот Куп во љубљанската сала „Тиволи“, екипата на АХЦ Волеј славеше со 3:2 над екипата на Меркур Марибор во еден исклучително возбудлив и неизвесен меч.

Интересно е што тимот на Ѓорѓуев ги загуби првите два сета од составот од Марибор, но се врати со неверојатни завршни три сета во кои комплетно го „скрши“ противникот и на крајот дојде до победа за прв трофеј оваа сезона.

Капитенот на нашата репрезентација имаше фантастична вечер со 27 реализирани поени со што стана најдобар поентер во составот на новиот освојувач на купот.

ПретходноПелистер на „мускули“ против ТФТ
СледноЕвертон е без 11 фудбалери, но Премиер лигата не им го одложува мечот со Барнли