Пелистер дојде до 11 победа во низа во Првата лига, на гостински терен го совлада ТФТ со, кој пак го запиша четвртиот пораз во серија. Гостите беа подобар тим во текот на целиот меч, можеби не беа убедливи но и вечерашната игра беше доволна за продолжување на победничкиот ритам. Ова беше дуел со бројни серии на двете страни и скромен број на поени, особено во првото полувреме. Битолчани ја искористија немоќта на домашниот тим во нападот.
ТФТ без Александар Костоски се бараше на теренот, па противникот поведе со 4-13. Домашните кошаркари се разбудија, со серија од 7-0 поведоа со 20-19 со тројка на Бродвеј, во 12 минута.
Пелистер брзо врати, дојде на двоцифрени 22-33 на средина на втората четвртина. Падна темпото, Ташовски и Николов не дозволија битолчани комотно да се чувствуваат, намалија на 31-33. Сепак битолчани на паузата заминаа со резултат 33-39. Битолчани ја продолжија доминацијата, поведоа со 33-44, второ двоцифрено водство.
Ниту ова не беше доволно да падне ТФТ, како по некое правило, ја намали негативата на 44-47, период кој гостите беа во поентерска криза. Џон и Хортон во финишот на третата четвртина намалија на 51-53, но искусниот Пелистер имаше одговор, во решавачките десет минути имаше позитива од 53-61.
Последната четвртина ја одлележа огромна неизвесност, со тоа што мечот беше решен буквално во последните моменти. Откако ТФТ погоди за израмнување 69:69, Малешевиќ беше тој кој што го доведе Пелистер со положување во предност на минути до крај. ТФТ се обиде преку Нури со акција за тројка, но искусниот кошаркар не успеа да прифати и акцијата отиде во неповрат. На спротивната страна Пелистер имаше еден, па по офанизвниот скок уште еден обид, Кесар беше фаулиран, погоди едно од двете слободни фрлања за плус три за Пелистер. По офанзивниот скок, Младеновиќ фаулиран, ги погоди двете слободни фрлања за конечен триумф од 71:74.