Промоција: Полскиот Пјаст се пофали со Костадинов!

337

И официјално, Тихо Костадинов е нов фудбалер на Пјас Гливице. Клуб кој се натпреварува во Првата лига на Полска. Познато е дека Македонецот пред неколку дена се договори со овој клуб за таму да ја продолжи својата кариера, но денеска беше одржана промоцијата.

Благодарен сум што добивам можност да бидам дел од овој клуб. Би сакал да помогнам со своите настапи мојот нов клуб да има уште поголеми успеси. Доаѓањето тука за мене беше лесна одлука. Ова е чекор напред во мојата кариера. Ова е голем предизвик за мене“ истакна Македонецот на денешната промоција.

Од Пјаст истакнаа дека добиле големо засилување и дека им е драго што успеале да го ангажираат репрезентативецот на Македонија.

ПретходноБундес-лигата може целосно да се прекине!
СледноФИФА ЛИСТА: Македонија годината ја заврши како 67-ма сила во светот!