Првиот голман на тимот на Работнички и репрезентативец на Македонија, Ристе Јанков, денеска се здоби со факултетска диплома, од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, и одсега ќе има звање професор по физичко и здравствено образование.
Јанков е еден од ретките кои напоредно гради две професионални кариери, како фудбалер, но и како академски граѓанин односно професор, само како пример дека професионалниот спорт не ограничува никого да се надоградува, само треба да се има желба, мотив и секако волја.
Му честитаме на Ристе Јанков за професионалниот успех, и му посакуваме по долгата и успешна фудбалска кариера, да се посвети на образованието и да биде еден од оние кои се вложува силно во идните генерации.