Рангник: Премиерлигашите да не играат во Лига купот

201

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник даде неколку предлози како да се олесни фудбалскиот календар во Англија. Темата е особено актуелна пред серијата натпревари на празниците, а надополнета со ковид кризата која „владее“ во Премиер лигата во моментов. Ситуацијата е посериозна од вообичаено, бидејќи во голем дел од клубовите има случаји на заразени.

“Англија е единствената елитна лига која има два купа. Во Франција го отстранија вториот од слични причини. Ова е нешто за што можеме да разговараме. Лига купот може да остане за екипите од третата и четвртата лига да им помогнат финансиски. Но во така згуснат распоред, тоа е нешто за што можеме да зборуваме. Сосема нешто поинакво е ФА Купот. Таму да речеме би можеле да се укинат повторените мечеви“ – вели менаџерот на Манчестер Јунајтед, кој е нов во Премиер лигата но еве очигледно веднаш има примедби на тоа како истата функционира.

 

ПретходноНавивачите на Лацио до Ачерби: Бегај подалеку и од клубот и од Рим…
СледноЛидс и Борусија зимава ќе тргнат по Елмас