Комична фудбалска ситуација доаѓа од Африка. На локален фудбалски натпревар на кој веројатно регуларноста е во голема мера под знак прашалник, дојде до прекин на веројатно најнесекојдневниот начин. Веројатно еден од повлијателните ликови присутни на натпреварот, очигледно незадоволен од она што го гледа, влезе во теренот со автомобил, и почна да ги „лови“ сите присутни. За среќа, барем додека трае видеото нема повредени ниту мртви….