Димитријевиќ со 10 поени во победата на Валенсија

172

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ постигна 10 поени во вечерашната победа на неговиот тим Валенсија против екипата на Обрадоиро во шпанската Лига Ендеса.

Валенсија на домашен терен славеше со 91:71, а Димитријевиќ за 16 минути постигна 10 поени со шут 4/7 за два, 2/2 одлинијата за слободни фрлања.

Валенсија стигна до осмата победа за пласман на 5. позиција на табелата.

Претходно„Доста плачете, да не беше фудбалот сите ќе работевте во Мекдоналдс!“
СледноФранција не може да крене глава од проблеми: Карабатиќ, Кункуд и Лен се ковид-позитивни