И Пеп потврди дека Феран Торес ќе се пресели во Барса!

238

Се чини дека е готово. Феран Торес, еден од најдобрите шпански фудбалери и член на Манчестер Сити во јануари ќе си замине од Премиер – лигата и ќе дојде во Ла Лига, во тимот на Барселона.

Оваа веста денеска ја потврди и самиот стратег на “граѓаните“ Пеп Гвардиола.

Ние не сме клуб кои со сила ги тераат играчите да останат. Да, Феран Торес ќе си замине, тој е блиску до потпис со Барса, но официјално ќе биде кога нашиот клуб ќе потврди. Јас немам проблем со Феран, напротив. Сакам сите страни да бидат среќни“ посочи Пеп.

Инаку самиот трансфер на Шпанецот ќе изнесува околу 55 милиони евра кои Барса треба на неколку годишни рати да ги исплаќа.

ПретходноРаботнички отсега со професор на голот
СледноБабунски е топ напаѓачот во Бугарија