Италија – Македонија можно е да не се игра во Палермо!

519

Попладневните вести од Италија говорат дека, веќе закажаниот меч Италија – Македонија на 24 март можно е да не се игра во Палермо, на стадионот „Ренцо Барбера“ како што беше најавено.

Имено се знае дека na овој полуфинален дуел од плеј – офот за пласман на СП во Катар се игра на 24 март, Италија е домаќин, и дека е одлучено да се игра во Палермо. Сепак информациите говорат дека стадионот а пред се теренот, воопшто не ги исполнуваат критериумите за одигрување на еден ваков натпревар. Имено теренот бил во ужасна состојба, па затоа селекторот на „Аѕурите“ Роберто Манчини со причина бил загрижен.

Иако финасиски средства веќе се префрлени за да поправи теренот, па и дел од стадионот, сепак се стравува дали ќе се стигне на време.

Исто така се нагласува дека можно е Фудбалската федерација на Италија на барање на селекторот Манчини овој меч со Македонија место во Палермо, да го закаже за Бергамо или Болоња.

ФОТО: Twitter

ПретходноМАГИЈАТА на Роналдињо и Ромарио на Копакабана! (ВИДЕО)
СледноЈакимовски со премиерен дабл – дабл во НЦАА лигата