Франција не може да крене глава од проблеми: Карабатиќ, Кункуд и Лен се ковид-позитивни

155

По објавувањето на повредата на Недим Ремили кој има скршеница на стапалото, стручниот штаб на францускиот ракметен тим вечерва има нов проблем – Ковид 19.

Никола Карабатиќ, Беноа Кункуд и Јанис Лен ќе го пропуштат почеток на подготовките на „триколорите“ бидејќи се позитивни на Ковид-19. На почетокот на подготвителниот циклус ќе отсуствува и голманот на ПСЖ, Винсент Жерар, поради семејна трагедија.

Селекторот на францускиот тим веднаш направи промени во ростерот, па дополнително ги повикал голманот Весли Пардин, десното крило на Монпеље, Жилиен Бос и левиот бек на Нант, Тибо Бри.

ПретходноДимитријевиќ со 10 поени во победата на Валенсија
СледноИнтер не ги дава своите деца: Нов договор за Димарко