Репрезентацијата на Мароко денеска и официјално го објави списокот на фудбалери со кои ќе патува на Купот на Африканските нации во Камерун на почетокот на 2022 година.
Селекторот Вахид Халилхоџиќ одлучи да не го повика во националниот тим играчот од средниот ред на европскиот шампион Челзи, Хаким Зијех, а на списокот интересно не се најде ниту еден од најдобрите дефанзивци на Ајакс, Нусаир Мазрауи.
Од поодамна е јасно дека Халилхоџиќ е во „војна“ со овие две ѕвезди на мароканскиот фудбал, поради нивниот однос на пријателските натпревари кои беа одигрувани минатиот период. Селекторот во еден наврат и јавно го обвини Зијех за незалагање, одбивање да влезе од клупата како резерва, па дури и глумење повреда за да не игра на пријателски дуели.