За да го обезбеди потписот на Матијс де Лихт од Јувентус, Барселона најпрво ќе мора да го продаде Кутињо и да ослободи средства за евентуалниот трансфер. Според каталонскиот весник „Спорт“, на состанокот со агентот Мино Раиола, претставниците на каталонскиот клуб дознале дека Јувентус може да го продаде Де Лихт и да ги искористи приходите за купување на нов напаѓач.
Интересно е што Јувентус најверојатно нема да инсистира на клаузулата за обештетување (120 милиони евра) и за многу помала сума може да се реши на продажба. Јуве за продажба на Де Лихт ќе се одлучи и поради неговата висока плата.