Белоти дефинитивно си оди од Торино, Интер му нуди 3-годишен договор

376

Напаѓачот на Торино, Андреа Белоти решил да го напушти Торино во текот на летото и како слободен играч ќе си бара нов клуб. Белоти има договор со Торино до крајот на сезоната, а се зборува дека за него е сериозно заинтересиран Интер.

Како што пренесува „Тутомеркато“ повикувајќи се на весникот „Ил Џорнале“, Интер е заинтересиран да му понуди добра сума како плата за најмалку 3-годишен договор . 28-годишниот фудбалер е решен да го промени тимот, а миланезите можат да преговараат со него вече од 1 јануари.

ПретходноАко сака да го купи Де Лихт, Барса мора прво да го продаде Кутињо
СледноЏејмс Родригез со нов имиџ и очајна форма се врати после два месеци (ВИДЕО)