Буфон: Би сакал да играм во Mексико или САД

177

Легендарниот Џанлуиџи Буфон идниот месец ќе наполни 44 години, но голманот на Парма не планира наскоро да се пензионира. То дури мечтае за преселба во САД и Мексико и да игра во тамошните фудбалски првенства.

Би сакал да играм во Мексико или Соединетите Американски Држави. Тоа сакам да го искусам, но ќе видиме што ќе се случи. Ако ме прашате кои се моите идни планови, да ви кажам искрено поима немам. Не знам дали ќе продолжам како менаџер или тренер. Но во едно сум сигурен, сакам да работам на себе и да се подобрувам без разлика во која професија“, изјави Буфон.

Искусниот голман освои многу трофеи во кариерата, но не успеа да се закити со оној од ЛШ но има три порази во финалињата 2013, 2015 и 2017 година.

Тоа што ја немам освоено ЛШ го одржува во живот мојот дух и амбиции. Да ја освоев до сега, можеби ќе се пензионирав затоа што тогаш ќе немав важни цели за достигнување“, додаде Буфон во разговор за TUDN.

ПретходноПеле пуштен од болница, лекувањето го продолжува дома
СледноСтоле Димитриески во плановите на Барселона!?