По само шест месеци минати на Чаир, Фисник Зука и Шкупи и официјално се разделија, односно ја “раскинаа“ соработката. Ова доцна попладне го потврдија и од таборот на Шкупи, кои не заборавија да истакнат дека му се заблагодаруваат на, сега веќе, својот некогашен фудбалер на досегашната соработка.
Инаку до разделбата дошло по барање на самиот фудбалер.
Фисник Зука е „дете“ на Шкупи. Во 2018 година од Чаир направи трансфер во Фљамуртари (Албанија), потоа играше во Ренова,па Работнички, а летоска се врати на Чаир.
Сега пред него е нов предизвик.