Дури 95 од 100-те најдобри тенисери во светот се вакцинирани и ќе можат да учествуваат на АТП Купот, Австралија Опен и други турнири со кои ќе започне тениската 2022 година.
Оваа информација ја потврди Сајмон Хигсон, кој се занимава со комуникации во име на АТП, па таа бројка треба да се сфати како официјална. Хигсон ја извади оваа информација како одговор на претходната информација на новинарот Џон Вертхајм дека 20 од 100 најдобри светски тенисери не се вакцинирани.
Сепак, и натаму останува нејасна позицијата со првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ.