Фудбалерот на Барселона Осман Дембеле ќе остане во Барселона затоа што клубот успеал да се договори за продолжување на договорот, тврди каталонски „Спорт“. Изданието пишува дека „Каталонците“ успеале да го убедат Французинот да ја намали и платата.
Се очекува Дембеле да потпише договор на пет сезони, а тоа ќе биде официјализирано идната недела. Актуелниот договор на Французинот истекува во јуни, што значи дека од 1 јануари ќе можеше да почне преговори со други клуботи за слободен трансфер.
Долго време се споменуваше негово заминување, незадоволен од ситуацијата во каталонската екипа посебно од финансиската ситуација поради која си заминаа неколку играчи. Дури и Њукасл се интересирал за Дембеле, но во Барса го убедиле да остане на „Ноу Камп“.