Брозовиќ во Интер до 2025 година

122

Марсело Брозовиќ ќе остане дел од тимот на Интер, и ќе потпише нов договор до 2025 година. Ова се последните информации од Милано, каде што со Хрватскиот интернационалец се водеа долгри преговори околу неговото останување или пак евентуално заминување од Интер.

Актуелниот договор на Брозовиќ завршува на лето, па од клубот поитаа да се договорат за нова соработка, со која играчот за врска ќе заработува 6 милиони евра по сезона.

Брозовиќ е незаменлив во дресот на Интер сезонава, одигра 24 мечеви и постигна еден гол.

 

ПретходноФормула 1 ќе стане попопуларна од фудбалот
СледноЦрвена Звезда се пофали со Охи