Истоимениот второлигаш од Гостивар како да не знае за доста. По Муарем Муарем и Енис Дервиши, од денеска ново име во Гостивар е и Хусеин Демири. Офанзивец кој има 26 години, а досега играл за екипите на Работнички, Македонија ЃП, Тетекс, Скопје, а има настапубано во клубови од Косово и Финска.
Се разбира дека со овие трансфери, екипата на Гостивар покажува дека амбициите напролет во ВМФЛ – ЗАПАД не се мали.
Инаку Гостивар по есенскиот дел заврши на 6.место на табелата со 17 бодови.