Го определија идеалниот тим на полусезоната во Серија А

373

Компанијата за фудбалски анализи „Опта“ ги определи тимот на полусезоната во Серија А врз основа на статистиката од нивните настапи во првите 19 меча од сезоната. „Опта“ води статистика во најсилните европски фудбалски лиги, а со ефектот од досегашните настапи е креиран овој тим од идеални 11. И покрај тоа што Интер е лидер само тројца фудбалери се во оваа екипа, тоа се голманот Самир Хандановиќ, играчите од средниот ред Хакан Чаланоглу и Марсело Брозовиќ. Во него ги нема македонските интернационалци Елис Елмас и Горан Пандев. Елмас игра одлична сезона во Наполи, а неговите перформанси се подобрија не последните натпревари но недоволно за да влезе во овој тим.

ТИМОТ НА ПОЛУСЕЗОНАТА СПОРЕД „ОПТА“

ГОЛМАН: Самир Хандановиќ (Интер)
ОДБРАНА: Хуан Квадрадо (Јувентус), Желсон Бремер (Торино), Матијас де Лихт (Јувентус), Тео Ернандес (Милан)
СРЕДЕН РЕД: Хакан Чаланоглу (Интер), Марсело Брозовиќ (Интер), Фабијан Руис (Наполи)
НАПАД: Марио Пашалиќ (Аталанта), Душан Влаховиќ (Фиорентина), Џовани Симеоне (Верона)

 

 

ПретходноДесетминутна тепачка на тренер со навивачи на одбојкарски меч (видео)
СледноПеле пуштен од болница, лекувањето го продолжува дома