И двата тима одат на одмор: Битолчани го одредија датумот на подготовки!

151

Е. Пелистер ги заврши клупските активности за 2021 година. Подготовките за новата сезона екипата под водство на Жељко Бабиќ и неговиот стручен штаб ќе ги започне на 12 јануари 2022 година. Подоцнежниот тек на подготовките, припремните фази и контролните натпревари дополнително ќе бидат одредени.

Додека пак Е. Пелистер 2 своите зимски подготовки за вториот дел од сезоната 2021/22 ќе го започне на 10 јануари 2022 година, исто дополнително ќе бидат одредени контролните натпревари во претсезоната. И двата тима можат да се пофалат со добри резултати, првиот тим кој настапува во Европската лига е на второ место на табелата, додека во домашниот шампионат го дели врвот со Вардар 1961.

Што се однесува до Е. Пелистер 2 е на четвртата позиција во Супер-лигата, една од десетте победи ги запиша против актуелниот македонски првак.

ПретходноЅвезда на Гремио оди во Фенербахче, Пјонтек на радарот на Галатасарај
СледноМЗТ против Гостивар ја почнува одбраната на титулата