Манчини убеден во победа над Македонија: Ќе го минеме баражот и ќе одиме на СП 2022

304

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Роберто Манчини, уште еднаш потенцираше дека во мартовските баражи за СП во Катар, Италија ќе обезбеди место на Мундијалот. Италијанците во полуфиналните дуели од плеј-оф пресметките треба да ја пречекаат нашата фудбалска репрезентација.

„Малку се опуштивме на крајот од квалификациите и сега треба да ги засукаме ракавите и да завршиме одлична работа на двата меча. Сè уште сум оптимист. Знаев дека група со Швајцарија ќе биде тешка. Доминиравме на натпреварот во Базел, но ова е фудбал. За среќа, се уште имаме шанса и мораме да направиме се што можеме за да одиме во Катар“, изјави тој.

ПретходноМенди Ќира: За пет години Струга ТЛ ја гледам на врвот на табелата во ПМФЛ!
СледноАТП излезе со бројки: Само 5 тенисери од ТОП 100 не се вакцинирани!