Менди Ќира: За пет години Струга ТЛ ја гледам на врвот на табелата во ПМФЛ!

671

За само шест години од постоењето на Струга Трим Лум, овој клуб направи блескави резултати. За тој кус период стигна да игра во Европа, а и е на добар пат сезонава да игра и во финалето во Купот на Македонија, секако претходно се етаблира како еден од нашите најдобри клубови во ПМФЛ.

По повод завршувањето на 2021 година, интервју на социјалните мрежи на Струга ТЛ, даде Менди Ќира, спонзорот и првиот човек на струшкиот клуб.

Спортмедиа“ ви пренесува дел од размислувањата на Ќира…

Како млад клуб, ФК Струга Трим Љум со успехот што го постигна не направи горди не само нас, туку и цела Струга! Како млада екипа, секако дека понекогаш имаше и свои осцилации и можни неизвесности, но генерално тимот стои добро и дава надеж за поголем раст и сигурност. Без сомнение, ова не прави горди и оптимисти за иднината“.

Тој не заборави да ги спомене и неговите деца кои активно се вклучени во Струга ТЛ…

Достигнувањата дојдоа како резултат на нашето спонзорство, со нашите сили, кое воедно е и единственото спонзорство, со голема посветеност на моите две деца, Трим и Љум, челните луѓе на клубот, вклучувајќи го тука и тренерот, прекрасните момчиња и моето семејство“.

За тоа каде ја гледа Струга ТЛ за пет години, Ќира вели…

На понапредно и поквалитетно ниво во првата лига, а зошто да не и на самиот врв на табелата.Ние целиме на успех и на меѓународната сцена, се надевам дека ќе успееме“ посочи Ќира.

Претходно„Пандевци“ во Анталија ќе имаат четири контроли, едната е со Нови Пазар!
СледноМанчини убеден во победа над Македонија: Ќе го минеме баражот и ќе одиме на СП 2022