Денеска КФСМ ги објави двојките кои ќе бидат дел од четвртфиналната фаза од купот на Македонија за тековната сезона.
По стандардниот принцип Ф8 турнир, најдобрите кошаркарски екипи во Македонија ќе го одработат купот, а се стартува со четвртфиналната фаза.
Купот кој инаку го носи името на Благоја Георгиевски Буштур ќе се игра од 18 до 20.02.2022 година по системот, 1-8, 2-7, 3-6, 4-5.
Извлечените двојки се следните, Пелистер – ТФТ, МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар, Работнички – Феникс и Навико Академија ФМП – Еуро Никел