Жозе Мурињо, еден од најдобрите тренери во светот во изминатите две децении, инаку актуелен стратег на Рома, би можел да биде селектор на Нигерија. Познато е дека оваа селекција е една од најдобрите во Африка, па така според пишувањето на медиумите во Англија, со него е преговарано за да седне на селекторската клупа на оваа репрезентација.
Колку од ова е точно, или дали само станува збор за некоја обична новинарска шпекулација, останува се види во текот на следните денови.