Серафимов: Лазаров верува во секој млад играч

355

Македонската ракометна репрезентација три дена е во Маврово, првата база во рамките на подготовките за Европското првенство 2022. Селекторот Кирил Лазаров и неговите избраници во Маврово ќе одиграат и два пријателски натпревари, против Кувајт.

Замислата на Лазаров, од денот кога ја доби селекторската позиција е спроведување на младите ракометари во системот за нивно побрзо созревање, секако со помош на поискусните репрезентативци.

„Подготовките течат одлично, а и верувам дека ќе продолжиме во овој ритам. Сѐ што работиме е точно и прецизно и секој си ја знае својата работа. Секако ние помладите знаеме да направиме почесто грешки, но затоа тука имаме квалитетен стручен штаб и поискусни играчи кои можат да ни даваат совети за како побрзо и поефикасно да се вклопиме во тимот и да ги намалиме грешките“, Мартин Серафимов ја пренесува атмосферата од Маврово.

Она што е најважно е вербата која Лазаров ја има во младите ракометари.

„Селекторот Лазаров верува во секој играч кој го има на располагање и затоа ние помладите добиваме сѐ повеќе одговорност на теренот. Се разбира честа е голема да си дел од вакви подготовки посебно пред настан како Европското Првенство“. Македонија пред заминувањето за Дебрецин ќе одигра и два пријателски меча во Скопје, за противник ќе го има составот на Израел.

ПретходноОливер Кан: Халанд? Ние го имаме Левандовски
СледноСилекс со заеднички ручек и доделување награди стави крај на 2021 година! (ФОТО)