Столе Димитриески во плановите на Барселона!?

620

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е на радарод на Барселона! Голманот на Рајо Ваљекано процентуално има најдобар скор во првиот дел од сезоната на шпанската Ла Лига, многу одбрани меѓу кои и пенали, а се сеќавате на пантерскиот скок во дуелот со Депај и одбранетиот пенал. Рајо тогаш ја порази Барселона, а Столе блескаше.
Барса го насочила радарот кон Димитриевски, и сака да го донесе на „Ноу Камп“ уште во јануари, открива спортскиот новинар Хозе Алварез во спортската емисија на ТВ „El Chiringuito“.

ПретходноБуфон: Би сакал да играм во Mексико или САД
СледноВо Италија нема да ги затворат стадионите но ќе има строги контроли