Формула 1 ќе стане попопуларна од фудбалот

138

Според возачот на Ф1 тимот Алпин Естебан Окон, Формула 1 шампионатот има потенцијал да го надмине фудбалот во најпопуларен спорт на планетата. Сезоната 2021 во Формула 1 заврши на неверојатен начин, а битката за титулата се водеше до последниот круг! И покрај споровите поврзани со финалето на Гран При на Абу Даби, Окон верува дека желбата на Формула 1 да експериментира со нови формати во спринтерските делови може да го однесе овој спорт и пред фудбалот.

Начинот на кој Формула 1 еволуира е фантастичен. Нормално дека има работи за исчистување и подобрување, меѓутоа се движиме напред. Начинот на кој пробуваме нови работи, трките и можностите во оваа сезона, се е лудо до последниот круг. Финалната трка за 2021 година нависстина беше фантастична. Така беше и во 2020 година. Ако имаме убави болиди кои лесно можат да се следат, така ќе биде и идната година.

Мислам дека можеме да бидеме пред фудбалот во популарност. Ќе бидам многу среќен ако тоа се случи. Во моментов сите зборуваат за Ф1, дури и мои пријатели кои не го следеа многу овој спорт. Сега тоа е поинаку“, изјави Окон.

ПретходноМЗТ против Гостивар ја почнува одбраната на титулата
СледноБрозовиќ во Интер до 2025 година