Најголемата ѕвезда на НБА шампионот Милвоки, Јанис Адетокумбо, ја заврши изолацијата и може да им се врати на тренинзите и натпреварите на Бакси.
Двократниот освојувач на наградата МВП се очекува денеска да се врати на терените, а утре ќе биде донесена одлука за неговото учество на божиќниот меч против Бостон.
Милвоки синоќа без него успеа да слави на гостувањето кај Далас и да дојде до 21. победа во сезоната.