Во Италија нема да ги затворат стадионите но ќе има строги контроли

90

Во Италија нема да ги затворат стадионите поради новиот сој на коронавирусот Омикрон за разлика од оние во Бундес лигата. „Газета дело спорт“ открива дека италијанската Серија А не планира затворање но ќе има строги контроли. Капацитетот ќе остане 75%, ќе се влегува само со маска FFP2, а ќе има строги контроли на трибините со цел да се запази растојание меѓу гледачите. Задолжително носење на маски ќе важи и во кина, театри и јавните превозни средства.

Премиер лигата беше најпогодена од новиот сој на коронавирусот, за зборуваше за евентуален прекин на шампионатот но на крај клубовите одлучија натпреварите да продолжат, но без присуство на публика.

Делегатската комисија на шпанската Ла Лига одобри нов протокол, за да се спречи нов пик на инфекции кои ги засега голем број на играчи и екипи. Постојани ПЦР тестови, ограничени тренинги, тренинзи го групи, задолжително носење на маски за да се избегне ширење на зараза до 15 јануари 2022 година. Добро е што Ла Лига ќе ги плаќа тие тестови, а првенството нема да биде запрено.

ПретходноСтоле Димитриески во плановите на Барселона!?
СледноЛиверпул води во трката по полски талент