Есенскиот првак и официјално “раскина“ со Зука!

557

По само шест месеци минати на Чаир, Фисник Зука и Шкупи и официјално се разделија, односно ја “раскинаа“ соработката. Ова доцна попладне го потврдија и од таборот на Шкупи, кои не заборавија да истакнат дека му се заблагодаруваат на, сега веќе, својот некогашен фудбалер на досегашната соработка.

Инаку до разделбата дошло по барање на самиот фудбалер.

Фисник Зука е „дете“ на Шкупи. Во 2018 година од Чаир направи трансфер во Фљамуртари (Албанија), потоа играше во Ренова,па Работнички, а летоска се врати на Чаир.

Сега пред него е нов предизвик.

Претходно“Лавовите“ си закажаа “тестови“ со Висла Краков и Слован Братислава!
Следно„Пандевци“ во Анталија ќе имаат четири контроли, едната е со Нови Пазар!