Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Роберто Манчини, уште еднаш потенцираше дека во мартовските баражи за СП во Катар, Италија ќе обезбеди место на Мундијалот. Италијанците во полуфиналните дуели од плеј-оф пресметките треба да ја пречекаат нашата фудбалска репрезентација.
„Малку се опуштивме на крајот од квалификациите и сега треба да ги засукаме ракавите и да завршиме одлична работа на двата меча. Сè уште сум оптимист. Знаев дека група со Швајцарија ќе биде тешка. Доминиравме на натпреварот во Базел, но ова е фудбал. За среќа, се уште имаме шанса и мораме да направиме се што можеме за да одиме во Катар“, изјави тој.