Силекс со заеднички ручек и доделување награди стави крај на 2021 година! (ФОТО)

2119

Есенскиот првак во ВМФЛ – ЗАПАД и бранителот на пехарот во Купот на Македонија, од денеска и официјално е на одмор. Имено денеска со заеднички ручек во хотелот „Кратис“ во Кратово на фудбалерите, стручниот штаб на чело со Горазд Михаилов, раководството на клубот, тука беа и директорите Драган Иванов и Стевица Ристиќ, ставија крај на оваа 2021 година и пред се на успешната есенската полусезона во која кратовци едноставно беа доминантни во однос на конкурентите Воска Спорт и Вардар. Речиси и ја завршија работата за враќање во елитата.

Инаку клубот за придонесот на успешните резултати во есенскиот дел додели и посебно признанија и награди.

Па така за најдобар играч на Силекс во есенскиот дел признание доби Арсим Љамалари. Потоа за најдобар млад играч признание доби Давид Манасиевски, за најубав гол на Силекс во есенскиот дел признание или награда доби Бурхан Алии, а за играч со најголем напредок награда доби Благоја Спиркоски.

Па така од денеска играчите одат на одмор, за да се јават на прозивката во јануари по празниците. Инаку познато е дека Силекс најважниот дел од зимските подготовки ќе ги мине во Анталија од 27 јануари до 9 февруари.

ПретходноСерафимов: Лазаров верува во секој млад играч
СледноДембеле се ожени во тајност, и покани само еден фудбалер на свадбата (ВИДЕО)