0
Едноставно му се може. Баерн Минхен сака оваа сезона и по десетти пат во серија да ја освои титулата во Бундес – лигата, но сака тоа да го стори со стил. А секако дека „баварците“ имаат свои амбиции и во Лигата на Шампионите.
Па така по Рафиња, кој за околу 50 милиони евра треба од Лидс да се пресели во Баерн, најново е тоа што Лоренцо Инсиње, капитенот на Наполи е на добар пат да го засили нападот на тимот на Јулиан Нагелсман.
Се разбира дека со овие двајца во нападот, Баерн Минхен би имал супер – тим не само за освојување на пехарот на домашна сцена, туку ќе биде еден од главните фаворити за „ушлето“ во Лигата на Шампионите.