Гостивар по две продолженија го „скрши“ Еуро Никел

135
0

Кошаркарите на Гостивар успеаја дури по две продолженија да дојдат до победа во дербито на 12. коло против екипата на Еуро Никел. Гостиварци славеа со 106:105 и ја обезбедија седмата сезонска победа со која му го преземаа петтото место на табелата на кавадаречкиот тим.

Гостиварци имаа повеќе среќа и желба во завршните моменти на второто продолжение и не дозволија гостите да успеат да се доближат до нивната предност. Инаку, во регуларниот дел од мечот резултатот веше 79:79, а и по едно продолжение немаше победник, откако првите пет минути дополнителна игра завршија со 91:91.

Во решавачките пет минути Гостиварци имаа малку повеќе среќа откако во финишот беа беспрекорни од линијата за слободни фрлања, а Еуро Никел иако успеа со неколку тројки да ја врати неизвесноста, не успеа да се избори за ново продолжение.

Јанески беше фантастичен со 30 поени и 6 скока, а одличен меч запишаа и Ворку со 18 и Ефремовски со 15 поени. Кај гостите Дарко Соколов имаше 30 поени зад своето име.

ПретходноМу се шета на човекот: За 11 години играл во 10 различни шампионати
СледноФ1 запиша рекорд: Преку 2 милијарди луѓе го следеле шампионатот 2021