Ливерпул нема да купува нови играчи оваа зима

134

Ливерпул не планира да прави никакви купувања во текот на зимскиот преоден рок. Според информациите од клубот, „црвените“ се комплетно задоволни со ростерот со кој располагаат и не сметаат дека им се потребни дополнителни инвестиции во тимот оваа зима.

Клоп на последната средба со спортскиот менаџмент на клубот отворено разговарал за нови засилувања, но на лето. Тимот на Јирген Клоп е на второто место во Премиер лигата со 3 бода помалку од водечкиот Манчестер Сити и до крајот на сезоната главната аспирација е освојување на шампионската титула.

Сепак, останува прашањето дали комплетниот ростер на Клоп ќе остане во јануари или дел од резервистите ќе заминат на позајмици до крајот на сезоната.

ПретходноНе можат да се договорат: Тој бара поголема плата, клубот сака да му ја намали
СледноНема намера да се откаже иако следниот месец ќе наполни 44 години