Како што известуваат медиумите во Турција, Мартин Мирчевски, напаѓачот на Академија Пандев е пред потпис со Маниса, екипа од Втората лига.
Се вели дека Маниса, која е во долниот дел на табелата, има проблеми со ефикасноста, па решавање на тој проблем го гледа во ангажманот на најдобриот голгетер во ПМФЛ во есенската полусезона.
Колку за потсетување Мирчевски во дресот на Академија Пандев на 18 меча успеа да постигне 16 голови, а останатиот дел од тимот само 12.
Исто се информира дека преговорите меѓу Маниса и Мирчевски, секако и А. Пандев веќе се запопчнати и наскоро треба да дојде до реализација, поточно јануарскиот преоден рок.
Мирчевски со струмичани има договор до јуни.