Му се шета на човекот: За 11 години играл во 10 различни шампионати

571

Есмаел Конкалвеш, крилен напаѓач од Гвинеја Бисао повеќе личи на светски патник отколку на фудбалер затоа што за 11 години играл во 10 различни држави ширум светот. Почнал во Боависта како младинец, а потоа во својата кариера поминал во 12 различни клубови во 10 држави.

Откако играл за младинските категории на Боависта, бил повикан во францускиот прволигаш Ница каде што во 2011 година заиграл за првиот тим. По една сезона ја менува средината и оди во португалски Рио Аве но тука не се снаоѓа, па клубот го праќа на неколку позајмици: Ст.Мирен од Шкотска, кипарски АПОЕЛ, грчка Верија за во 2015 година да потпише перманентен договор со Ал Итифак од Саудиска Арабија каде што за неколку месеци одиграл само два натпревари.

Решава да го напушти клубот и да се врати во Европа и тоа на Кипар со договор со Анортозис. Од таму повторно оди во Шкотска каде игра две сезони за Хартс.

„Бега“ од таму и една година игра во Пахтакор од Ташкент (Узбекистан), потоа една сезона за Естегал од Техеран (Иран), а од 2019 година доаѓа во јапонски Мацумото Јамага. По само девет меча за јапонскиот клуб прави нов трансфер – во индиски Ченаин.

Договорот со индискиот прволигаш му истече, па сега е во потрага по нов клуб. За португалски „Рекорд“ изјави дека би сакал да игра за клуб од Малезија или Австралија…

ПретходноРаботнички на колена пред малите „штркчиња“ (ФОТО)
СледноГостивар по две продолженија го „скрши“ Еуро Никел