Не можат да се договорат: Тој бара поголема плата, клубот сака да му ја намали

977

Иднината на играчот од средниот ред на Наполи, Лоренцо Инсиње, чиј договор со Наполи истекува во летото 2022 година, останува неизвесна.

И покрај взаемната желба на двете страни за продолжување на соработката, 30-годишниот играч за врска и наполитанскиот клуб се уште не се договориле за платата. Наполи му нуди договор со помала плата, а играчот напротив бара покачување.

Според „Газета дело Спорт“, преговорите се уште се во ќорсокак, па затоа други клубови вече почнаа со интерес за иднината на Инсиње. Доколку Лоренцо не се договори со Наполи, наскоро ќе добие понуди од Интер, Рома и Лацио, како и од Баерн Минхен и Тотенхем.

ПретходноИ Стивен Џерард на листата заразени со Ковид-19 во Астон Вила
СледноЛиверпул нема да купува нови играчи оваа зима