Дарко Дамјановски: После 4 години тероризам, суспензија од активисти на СДСМ и АМС се враќам!

869
0

Дарко Дамјановски, нордискиот скијач, кој беше дел од три Зимски Олимписки игри се огласи на социјалните мрежи.

Тој после четири години, како што вели суспензија од поранешното раководство на ски-федерацијата, конечно ќе може да учествува на големи натпреварувања и одново да се бори за олимписките игри.

Дамјановски го изрази своето незадоволство и јавно прозва имиња, СПОРТМЕДИА во целост ви го пренесува неговиот статус.

„Победа. Еве после цели четири години тортура иживување, малтретитање, ТЕРОРИЗАМ, суспензија од страна на поранешната ски-федерација и терористите во неа Ѓоко Динески, Васко Сокле, партиски активисти на СДСМ и останатата багра подржани од АМС и “директорите” ДАРКО КАЕВСКИ И СЕГАшНИОВ НАУМЧЕ МОЈСОВСКИ денеска конечно од страна на новото раководство на ски-федерацијата и нашиот нов претседател ОГЊАН ЦИГОВСКИ повторно имам чест да го облечам МАКЕДОНСКИОТ ДРЕС и да ја претставувам нашата ТАТКОВИНА на европски и светски првенства, а не ја ја исклучувам и можноста за ново учество на ОЛИМПИСКИ ИГРИ !!! „смрт фашизму слобода народу, а со овие двајца терористи се гледаме пред законот на правдата!! ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА !!

ПретходноБарселона пред Димитриевски договори уште еден трансфер
СледноТажна вест од Оман: Почина фудбалер за време на загревање!