Осијек ќе им ги врати парите на своите фанови од годишните билети по трансферот на Бочкај во Динамо!

746
Osijek, 5.9.2020.- Nenad Bjelica, novi trener hrvatskog nogometnog prvoligaša Osijeka, predstavljen je javnosti na prigodnoj konferenciji za novinare na gradilištu novog stadiona na Pampasu. Na slici predsjednik Uprave NK Osijek Ferenc Sakalj i Nenad Bjelica. foto HINA/ ua

И тоа го има на Балканот, и тоа во Хрватска, во Осијек. Имено по сензационалниот трансфер на Петар Бочкај во Динамо, инаку два клуба кои се борат за титулата во ХНЛ, фановите на тимот од градот на Драва, и тоа како беа гневни на раководството на својот клуб, тие сметаат дека тоа е ужасен, катастрофален потег.

Да се засили директниот конкурент со својот најдобар играч, тоа е лудост.

Па така после сите овие критики, во јавноста со своја изјава излезе тренерот на Осијек, Ненад Бјелица, кој најави дека клубот ќе им го врати парите на своите фанови од годишните билети..

По повод сите настани сакам да кажам дека одлуката за заминувањето на Бочкај беше само моја. Сите одлуки ги носам со цел на клубот да му биде подобро. Се разбира дека ги почитувам различните ставови, но јас ги носам одлуките зошто сум на таа функција. Времето ќе покаже дали сум би, во право. Да нагласам и тоа дека на сите оние фанови кои се незадоволни од оваа одлука, клубот Осијек ќе им ги врати парите од годишните претплатни билети. На овој тим му се потребни навивачи кои ќе бидат со клубот и во добро и во зло“ истакна Бјелица.

ПретходноЛеброн Џејмс се најде на мета на критики поради објава на Инстаграм
СледноСити го плати 100 милиони фунти а тој порачува: Не знаев дека е толку тешко!