Во следните три дена ќе се одиграат последните натпревари од оваа календарска година во Првата лига. Во центарот на вниманието е Пелистер, кој првиот дел од сезоната го заврши со 11 победи во исто толку одиграни натпревари, што пак е клупски рекорд.
Дали битолскиот состав ќе замине на паузата перфектно, одговорот ќе биде познат во понеделник, за истиот ќе одлучи актуелниот македонски првак. МЗТ Скопје има два порази, еден од Пелистер и еден од дебитантот. По одличниот настап во АБА 2-лига, го доби дуелот со Академија ФМП, доволен мотив за пресметката со лидерот.
Пред оваа средба, денеска и утре ќе се одиграат останатите мечеви.
12 рунда први ќе ја отворат екипите на Ангели и Куманово 2009 (17 часот). Два тима од долниот дел на табелата. Дебитантот нема ниту еден триумф, додека Куманово е во обид да фати приклучок со екипите од средишниот дел во прволигашкиот поредок.
Едeн час подоцна, во „Кале“, кошаркарите на Работнички ќе го дочекаат „помалиот брат“ од Аeродром, екипата на МЗТ Скопје 2, додека Гостивар го пречекува Еуро Никел во саботното дерби.
Во недела, ТФТ ќе бара рехабилитација против Кожув, додека Академија ФМП е домаќин на Феникс.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
ДВОЈКИ 12. КОЛО
САБОТА:
17.00: Ангели – Куманово 2009
18.00: Работнички – МЗТ Скопје Уни Банка
18.00: Гостивар – Еуро Никел 2005
НЕДЕЛА:
17.00: ТФТ – Кожув
19.00: Навико Академија ФМП – Феникс 2010
ПОНЕДЕЛНИК:
18.00: МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер (МРТ)